Режисерот Стивен Спилберг (75) проговори за семејната тајна што никогаш не сакал да ја открие, и се присети на врската со неговата мајка, која ја загуби пред неколку години.
„Фабелманови“ (Fabelmans) е полуавтобиографска приказна за детството и младоста на режисерот, олицетворена во Семи Фабелман (Гејбриел Лабел). Во другите улоги се појавуваат Мишел Вилијамс, Пол Дејно, Сет Роген, Џад Хирш и други.
– Барав одлични актери, но ми требаа такви кои веќе изгледаа слични на мене и на моите родители во другите филмови. Требаше да почувствувам дека нешто на неа (Вилијам, з.п.) ме потсетува на мајка ми, а нешто за него (Дејно) – на татко ми… Така дојдов до двајца од најдобрите глумци со кои сум работел, рече Спилберг.
Режисерот работеше на сценариото со драматургот Тони Кушнер – добитник на Пулицерова награда, кој заработи номинации за Оскар за претходните филмови на Спилберг – „Линколн“ и „Минхен“ и кој му помогнал да се справи со непријатните семејни тајни од минатото… Филмот ќе се прикажува од 23 ноември.