Во текот на вчерашниот ден во периодот од 9 до 14 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата констатирани се 51 прекршок, од кои 26 поради неисправен уред за запирање…, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли, посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранете евентуалните недостатоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2022 10:27