МВР информира дека денеска, во 13.20 часот, на ул. „Филип Втори Македонски“ од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода скопјанецот Д.Д.(35).

-За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл. 236 од Кривичниот законик, известуваат од МВР.

Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2022 15:14