На 11.11.2022 на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 26 возачи.

Од нив, 18 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а осум надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Aкциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2022 12:38