СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“.
Во периодот од 06.09.2022 до 24.09.2022, пријавениот лажно се претставувал на две лица од тетовско и од Гостивар како менаџер на фирма од Струмица, при што барал понуди за набавка на роба и материјали.
На овој начин ги доведувал во заблуда оштетените и со лажно прикажување на факти се стекнал со противправна имотна корист од околу 147.000 денари.