Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), А.Д.(35), Д.Д.(19) и Д.Д.(29), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 07.10.2022 во Кочани, пријавените физички го нападнале Б.Ѓ., по што насилно влегле во неговиот стан каде продолжиле со нападот врз него и уште едно лице, а оштетиле и дел од покуќнината.