СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(26) и Х.А.(54), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“.

На 07.05.2022 во с.Боговиње, Тетовско, полициски службеници извршиле контрола во продавница сопственост на лицето Х.А., а одговорно лице бил Ф.А., при што било констатирано дека незаконски се вршеле онлајн игри на среќа преку веб страна.

Исто така, при контролата биле пронајдени и одземени неколку мобилни телефони и пари во различни валути и апоени.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2022 06:44