Три лица се повредени, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа околу четири часот изутрината на крстосница од булеварите „Партизански одреди и „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Несреќата се случила помеѓу патнички моторни возила со скопски регистерски таблички „мерцедес“ управувано од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и „пежо“ управувано од Б.Т.(39) од Скопје.
-По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник Т.В.(53) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР во редовниот Билтен.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје