Во текот на изминатата вечер (12/13.11.2022) во периодот од 23.00 до 01.00 Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на теритирија на СВР Куманово спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 15 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.