Во Скопје во текот на вчерашниот ден во акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 63 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2022 09:51