Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи.
Од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 316 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 332 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.