Во периодот од 07.11.2022 до 13.11.2022 во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, санкционирани се 25 учесници во сообраќајот.

На сите прекршители, соопштија денеска од МВР, изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2022 15:15