Водата во Скопје е безбедна за пиење. Ова го покажа последното испитување на Секторот за санитарна контрола, направено на 204 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа на вода за пиење, земени од 52 мерни места, во период од 7 до 11 ноември.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Оттаму истакнуваат дека, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, објавуваат неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.