Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи во Брисел.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, Бочварски ќе има обраќање за напредокот на Република Северна Македонија во однос на усогласеноста со транспортната мрежа во Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2022 09:31