Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo.

Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната и прехранбената индустрија од Македонија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција, Романија, Албанија и Косово.

– Со најновите случувања во Европа и промените во глобалниот синџир на добавувачи, сметаме дека настан како SUBEX е одлична можност да се даде поддршка на домашните стопанственици од преработувачка индустрија, велат организаторите.

На настанот денеска ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2022 09:33