Постуденото време во годината со себе носи разни болести и инфекции, а децата кои престојуваат во градинка или училиште, се особено подложни на нив. Ова не е неочекувано, бидејќи најмалите сѐ уште го градат својот имунитет.

За зајакнување, пак, на имунитетот на детето на природен начин, прво се почнува од сопствената кујна. Следат намирници богати со супстанции коишто ќе му помогнат на детскиот организам да се одбрани од вирусите и бактериите.

Урми – помагаат во стимулирање на имунолошкиот систем, ги намалуваат воспаленијата и ги регулираат хормоните. Тие содржат фитонутриенти, растителни соединенија кои имаат повеќекратни здравствени придобивки.

Цвекло – тоа е богато со влакна, поради што е одлично за здравјето на системот за варење. Помага во борбата против болестите и го зајакнува имунолошкиот систем.

Цитруси – полни се со витамин Ц. Овошките како портокал, лимон, лимес и грејпфрут се одлична поддршка на имунолошкиот систем.

Слатки компири – се богат со влакна, калиум и витамини.

Репка – одличен додаток на чорбести јадења. Содржи витамин Ц и аскорбинска киселина, којашто е моќен антиоксиданс и му помага на телото да се одбрани од надворешни патогени.

Кисела зелка… Нема сомнеж дека многу луѓе едвај ја чекаат зимата поради една причина – киселата зелка. Иако не им е омилена состојка на јадењето на децата, таа без сомнеж, ќе им користи доколку, на пр. со сармата изедат и ситно сечкана кисела зелка. Освен што го зајакнува имунитетот, поволно делува и на варењето, срцето и циркулацијата на крвта.

За зајакнување на имунитетот на возрасните, како прилично корисни се покажаа боровинките, печурките, ѓумбирот, пиперките, брокулата, лукот, спанаќот и кивите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2022 11:26