Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2022 година е намалено за 3,6 отсто во однос на истиот период лани, а продажбата на шумски сортименти изнесува 171 737 метри кубни и бележи намалување за 8,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови, огревното дрво од иглолисни видови и другото грубо обработено дрво, цепeници, дрвени столбови и колци, додека намалување е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови и огревното дрво од листопадни видови.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2022 14:36