Доцна синоќа се случил напад врз младо момче од Куманово, а сега на социјалните мрежи се појави и снимка од инцидентот.

На видеото може да се забележи како среде ноќ излегуваат голем број маскирани лица од автомобил и почнува бркотницата.

Реакција денеска пристигна и од политичката партија Алијанса за Албанците:

– Вознемирувачки е фактот, уште повознемирувачки се сцените кога маскирани хулигани доцна во ноќта напаѓаат младо момче во најстариот кварт на градот Куманово. Овие сцени се слични на оние пред неколку години од поранешниот режим, каде што настрадаа многу граѓани, главно млади луѓе – велат од партијата на Арбен Таравари.

Партијата повикува на смиреност и максимална претпазливост и истовремено ги повикува граѓаните на Куманово „да не наседнат на меѓуетнички провокации“.

И премиерот Димитар Ковачевски беше запрашан за овој немил настан, но тој истакна дека не е запознаен со случајот и дека не ја видел снимката.

– Доколку е нарушување на законот, сѐ мора да биде најстрого санкционирано согласно Законите од МВР – рече Ковачевски.

Засега нема повеќе детали за инцидентот и се очекува реакција и соопштение од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2022 04:54