Тетовската полиција информира дека приведен бил возач кој заминал од местото на сообраќајката во која повреден бил пешак. Незгодата се случила вчера на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

-Во 16 часот и 10 минути во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н.С.. Тој претходно со патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово удрил во пешакот Р.И.(62) од Тетово и го напуштил местото. При тоа, пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата го расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2022 14:17