Скопјанец изградил три објекти од цврста градба и базен без одобрени за градба во заштитено подрачје на охридското крајбрежје во атарот на селото Љубаништа.

СВР Охрид денеска информира дека е поднесена кривична пријава против С.Ѓ.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, на катарстарска парцела во атарот на охридското село Љубаништа, кое е заштитено подрачје, без соодветна документација и без согласност од Националниот парк „Галичица“ изградил три објекти цврста градба и еден базен, појани портпаролот Стефан Димоски.

По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид донел решение за отстранување на нелегалните објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2022 04:00