Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека решението за престанок на работниот однос на претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ е поништено од страна на Управниот одбор на претпријатието.
– На вчерашната седница, Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје по грижливо оценување на доказите и утврдување на фактичката состојба, едногласно донесе Одлука со која приговорот на претседателот на Синдикалната организација при СУТКОЗ во ЈП Водовод и канализација Скопје, Стојанче Кашиковски се уважува и Решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работниот однос се поништува, а предлогот за поведување на дисциплинска орговорност се одбива како неоснован, се вели во соопштението.
Од ССМ посочуваат дека досега, од страна на Управниот одбор, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат се констатирани низа неправилности во работењето на в.д директорот Марјан Митовски и му се поништени сите одлуки и решенија што ги носи.