ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.А.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Тој, на 29.07.2022 и 03.08.2022, од претставници на црковен одбор во близина на Дебар побарал и добил пари за изведување градежни работи во црковен комплекс, но не постапил по склучениот договор за почеток на градежните активности.