ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(17) и Н.А.(22), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и една „кражба“.

Тие, во периодот од 01 до 11 ноември 2022, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегувале во деловни објекти на подрачјето на Струга и противправно одзеле повеќе предмети.

На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 180.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2022 05:31