Вкупно 174 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден во Скопје во рамки на акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, за возење повеќе од дозволената брзина има 17 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за некористење сигурносен појас…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.