Наредниот Ден на вљубените, во киносалите пристигнува третиот дел од „Магичниот Мајк“ – познатата мјузикл-комедија, сега со поднаслов „Последниот танц“ (Magic Mike’s The Last Dance).

Ченинг Тејтум се враќа како стриптизерот Мајк Лејн, а Стивен Содерберг го режира филмот според сценариото на Рид Каролин, кој ги напиша и првите два филма. Покрај Тејтум, глуми и Сeлма Хајек Пино, како позната богаташка со неодолива понуда и по некоја задна намера…

Продуценти на филмот се Ник Векслер, Грегори Џејкобс, Тејтум, Каролин и Питер Кирнан. Џули М. Андерсон е извршен продуцент.

Во филмот глумат и Ајуб Кан Дин, „новајлијката“ Џемелија Џорџ, Џулиет Мотамед, Вики Пепердин и други. Филмот ќе се прикажува во кино од февруари 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2022 11:10