Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има работен состанок со компании од прехранбената индустрија и трговијата.

Состанокот е закажан за 12:30 часот и ќе се одржи во Министерство за економија, а по него, како што е најавено, министерот Бектеши ќе даде изјава за медиумите.

Бектеши пред три дена најави дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите, како и дека јавноста ќе биде информирана каде и кај кои производи има поевтинување.

– Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни, рече Бектеши.

Тој уште еднаш нагласи и дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните. Инспекциските контроли се засилени, а веќе се, информира, и изречени неколку казни.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2022 10:31