Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се две кривични дела за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 65 сообраќајни прекршоци. Од нив осум за возење без возачка дозвола, еден за неносење сигурносен појас.
Упатени на вонреден технички преглед се 18 возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.