Во скопското село Петровец вчера попладне полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) село Трубарево.
Како што информира МВР, С.С. бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик.
С.С. е предаден во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.