МВР информира дека, по преземени мерки и активности, на 19 ноември, во 19.00 часот на ул. „Филип Втори“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит пазар го лишиле од слобода М.Ј.(22) од с. Студеничани, Скопско, затоа што во 01.20 часот во угостителски објект на бул. „Партизански одреди“ со остар предмет му нанел повреди на скопјанецот Д.А.(36).

-СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Јавен обвинител, против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 6, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор, велат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2022 12:57