На 19.11.2022 година во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(34) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 18.11.2022 година одзел повеќе предмети од паркирано патничко моторно возило „фолксваген амарок“ на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово. Ј.Л. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2022 13:02