„Фолксваген“ произведе канцелариска фотеља којашто има електричен погон и може да се движи со брзина до 20 километри на час.
Електричниот стол има за цел да го направи работниот ден позабавен, а опремен е со електричен мотор, ЛЕД-светла, сирена, систем за забава, па дури и кука за приколка. Иако изгледа како столица од иднината, таа е всушност дизајнирана за да покаже некои од одликите на комерцијалните возила на германскиот автопроизводител. Системот за забава овозможува прикачување музика и друга содржина, а има и УСБ-полнач.
Досегот на столчето со едно полнење на батеријата е 12 километри, што значи дека корисникот може да вози „од состанок до состанок“ без никакви грижи.
Дел од столот е инфозабавен систем со општи информации за овој технолошки уред, а има и камера со сензори, одговорна за безбедно враќање назад. На задната страна има и простор за „багаж“, на пр. лаптоп или поважни документи. Столот е опремен и со кука за приколка доколку треба да донесете повеќе „багаж“ на состанокот, или пак, за превоз на колега / колешка.
Столицата на „Фолксваген“ засега нема да се продава, туку ќе биде достапен за демонстрација, во Норвешка.