Казнети се 194 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што информираа денеска од МВР, 91 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.