„Парамоунт плус“ почна со прикажување на акционата серија за мафијаш од Њујорк кој излегува од затвор по 25 години и оди во Тулса, Оклахома, САД… Занимливо е тоа што ова е прва главна улога на Силвестер Сталоне во ТВ-серија, по 80 филмови во неговата кариера.

Се работи за „Кралот на Тулса“ (Tulsa King), па според многумина светски познатиот „Слај“ (75) сѐ уште добро се држи, и сѐ уште шармантно ги пренесува репликите низ неговиот препознатлив изговор, водејќи нѐ во светот на мафијата.

Тој самиот вели дека телевизијата е многу потешка од снимањето филмови, па второво сега му се чини како „одмор“.

На ИМДБ, серијата има просечна оценка 8,4 / 10, а на „Ротен томатос“ ја препорачуваат 86 отсто од гледачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2022 10:04