МВР информира дека синоќа, во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода кумановецот С.Д.(21) и велешанецот МД.(23).

-Тие се сомничат дека на 20 ноември годинава, во 13:30 часот, на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово физички го нападнале кумановецот А.Р.(37) и му одзеле паричник, известуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2022 12:47