Полициски службеници од Полициската станица Струмица денеска, во 14.45 часот, на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, пронашле двајца мигранти од Мароко. Тие заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица.

Како што информира МВР, полицајците постапиле по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата, кој се спроведува на територија на целата држава.

Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2022 03:27