Електричните автомобили се помалку склони кон самозапалување од бензинците, но кога ќе се запали, обично од возилото не останува ништо. За тоа најдобро говори последниот пример со „Тесла модел С“ од автопат во Пенсилванија, САД.

Веднаш по судирот, од „Теслата“ почнало да се шири чад, според патникот кој веднаш го напуштил возилото. Пожарот почнал брзо да се шири, така што пожарникарите, просто, не можеле да го локализираат. Се испразниле две цистерни со околу 15.000 литри вода, а потоа на помош повикале и дополнителни противпожарни единици. Вкупно се потрошени над 45.000 литри вода.

Така, оваа „Тесла“ изгорела до непрепознатливост, според очевидци.

„Поради литиум-јонската батерија во возилото, за гаснење на овој пожар беа потребни дополнителни цистерни бидејќи огнот на возилото постојано се враќаше и засилуваше“, се вели во соопштението на противпожарната служба која го гаснела електромобилот.

Како што велат наводите, вообичаено, околу 2.000 литри вода се доволни за гаснење пожар кај автомобил.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2022 10:18