МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 170 возачи.
-Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 99 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место, известуваат од полицијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.