Креирањето на буџетот на Општина Илинден зависи од потребите на граѓаните, заеднички ја градиме иднината на Општината, идеите и предлозите ги интегрираме во финансиската програма за работа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиeвски преку отворени и интензивни средби во сите населени места, го слуша гласот и потребите на граѓаните, идеите кои ги добиваме преку пополнетиот прашалник ќе ги имплементираме согласно реално остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите.

Општина Илинден е во финална фаза во креирањето на буџетот, и во наредната година ќе работи исклучиво и во служба на граѓаните, важни се Вашите предлози за подобра, модерна и просперитетна Општина.

Воедно, Општина Илинден ги информира граѓаните дека следниот викенд ќе организира средба во Општината на која ги очекуваме вашите конструктивни предлози.

Граѓаните на Општина Илинден, имаат можност сите свои предлози да ги достават и преку електронски пат (ilinden@ilinden.gov.mk) со пополнување на прашалник на нашиот сајт www.ilinden.gov.mk, или да ги достават во архивата на Општината секој работен ден до 30.11.2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2022 11:25