Полицијата лиши од слобода две лица кои претходно се барале за издржување на затворски казни.
Од СВР Тетово информираат дека вчера (28.11.2022) полициски службеници од ОВР Гостивар, со наредба од Основен суд Гостивар, лишиле од слобода две лица.
Вчера попладнето околу 16 часот во гостиварско Сенокосе, полициските службеници го привеле Џ.Ј.(54) од истото село во вечерните часови (22.45 часот) на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, бил приведен Х.К.(37) од Гостивар.
Двете лица се спроведени во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.