Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека во октомври 2022 година прометот во трговијата на мало со автомобилски горива е зголемен, номинално за 45,3 отсто, а реално за 16,7 проценти, во споредба со октомври 2021 година.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, номинално за 0,6, а реално за 7,6 отсто.

Според ДЗС, во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 10,9 отсто, а реално е намален за 11 проценти, додека во Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 4,8, а реално намален за 9,5 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2022 13:20