Платежната агенција соопшти дека се испатени над 55 милиони денари за две подмерки од Интервентниот фонд кои предводуваат финансиска поддршка за произведена и продадена зелка, како и за произведена и предадена слива.

-Исплатени се 41.691.315 денари кон 1 630 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година. Корисници на оваа подмерка се регистрираните земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и истата ја имаат предадено на регистрираните откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој севоди во МЗШВ и тоа, за максимална предадена количина на зелка од 30.000 килограм по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка изнесува три денари по килограм произведена и продадена зелка, информираат од Агенцијата.

Исплатени се и 13.329.398 денари на 478 корисници за подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година.

-Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат овошен насад од слива и истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ и тоа, за максимална предадена количина на сливи од 17.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува два денара по килограм, а во септември изнесува четири денари по килограм, наведува Платежната агенција.

Според директорот Никица Бачовски, грижата за земјоделците останува приоритет, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2022 13:33