Учениците со образовни потешкотии во основното училиште „Ј. Х. Песталоци” во Општина Центар добија нова комплетно опремена сензорна соба, која расплага со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема. Со ова, како што соопштија од Општината, наставниот и стручниот кадар имаат на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД.

Инвестирањето во раниот детски развој е најисплатливо во развојот на човечкиот капитал. За нас, децата се приоритет број еден и токму затоа Општина Центар веќе години претставува позитивен пример за поддршка на младите во целата држава – изјави денеска градоначалникот Горан Герасимовски на отворањето на сензорната соба.

Опремувањето на собата е дел од проектот „Биди ИН, биди Инклузивен, биди ИНклудиран” кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор”, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак”, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука и Општина Центар упатува искрена благодарност до сите нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2022 18:49