Италијанската автомобилска компанија „Фиат“ стана првата во светот со свој изложбен салон во тн. Метаверзум, со цел „да го револуционизира искуството“ на купувачите.
Метаверзумот на „Фиат“, се чини, не е поврзан со „Мета’с Мета“, а и за пристап до салонот не требаат уреди за виртуелна реалност. На овој начин, корисникот се наоѓа во интерактивното искуство во салонот, заедно со службеникот кој е достапен да одговори на сите прашања за електричната мобилност, полнењето и други податоци за новиот „Фиат 500“. Сепак, потребно е врската на виртуелниот салон да се закаже, со што се одредува датумот на „посетата“.
Оваа алатка, исто така, овозможува „креирање на возачкото искуство“ на патеката „Ла писта 500“ којашто се наоѓа во Торино, Италија.
Виртуелното искуство е во постојан развој и подобрување, а разни модели ќе бидат достапни до јуни 2023 година. Италија во почетоков има предност во однос на достапноста.