На 01.12.2022 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(18) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени револвер „Нагант“ и шест куршуми за него.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(66) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Таа, на 09.07.2022, по текст објавен од еден медиум на социјалната мрежа „Фејсбук“, објавила коментар со што промовирала и поттикнувала омраза.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2022 05:43