Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 133 возачи, соопшти денеска МВР.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2024 22:10