Цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11.9 %.

Во ноември годинава, пак, во споредба со претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2022 04:42