Во насока на реализирање на програмата за подигнување на квалитетот на нашите млади репрезентативци Пингпонгарската федерација на Македонија реализираше репрезентативен тренинг камп, Прилеп 2022.

На собирот во мала пинг-понг сала во Прилеп учествуваа 11 играчи кои се нашите најперспективни пингпонгари од повеќе клубови од државата.

Тренери на кампот беа селекторите на репрезентациите на Македонија, Зоран Јовановски и Сашко Богатинов.

Талентираните млади македонски пингпонгари имаа можност да спарингуваат со играчи од сениорските екипи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2022 09:48