Македонскиот шахист Тони Лазов покажа втор најдобар резултат од играчите на втора табла на Олимпијадата во Будимпешта.
Македонецот освои 7,5 бода од осум партии.
Во минатото, од македонските шахисти, медал на Олимпијадите имаат освоено само Трајко Недев (бронза) во 1996 во Ереван, Драгољуб Јаќимовиќ (злато) во 2000 во Истанбул и Владимир Георгиев (сребро) во 2004 година.
Дваесет и четиригодишниот Тони Лазов е најмладиот носител на шаховски олимписки медал во Македонија, а кариерата ја започнува во шаховските школи на ШК Алкалоид, активно играјќи шах од својата 10-годишна возраст.
Што се однесува до пласманот на македонските репрезентации, машката го зазеде 61. место, додека женската 77. место.