Том Круз одлучи да прифати нова опасна „мисија“ на снимањето на новото продолжение на „Невозможна мисија“, наречено „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“.

Имено, акционата ѕвезда објави ново видео на коешто тој и неговиот тим се подготвуваат за новиот опсен филмски трик, каде што глумецот-каскадер со мотор скока од карпа, а потоа отвора падобран.

– Ова е убедливо најопасното нешто што сме го пробале!, изјави Круз за сцената.

Инаку, двата претстојни филма со поднаслов „Мртва проценка“ (Dead Reckoning) се седмиот и осмиот дел од овој шпионски трилер-серијал, во којшто Том Круз го глуми Итан Хант – специјален агент на „невозможна мисија“. Покрај Круз, своите ги продолжуваат и Винг Рејмс, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Хенри Серни, Ванеса Кирби и Фредерик Шмит. Во другите улоги се појавуваат и Хејли Атвел, Кери Елвис, Роб Дилејни, Индира Варма и други.

Кристофер Мекквари ги потпиша сценаријата и ќе ги режира и „Мртва проценка, 1. дел“ што своето прикажување ќе го има од 14 јули 2023, и „Мртва проценка, 2. дел“ чијашто премиера е првично закажана за наредната, 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2022 12:30