Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ соопшти дека нуди 69 милијарди долари за компанијата-создавач на видеоиграта „Call of Duty“ – „Активижн близард” (Activision Blizzard).

Според известувањето, понудата ќе им користи подеднакво и на гејмерите и на гејмерските компании.

Мајкрософт го изнесе аргументот со цел да го убеди судот на американската Федерална трговска комисија да дозволи продолжување на договорот, откако повереници, во жалба за блокирање на спогодбата, изјавија дека спојувањето на компаниите ќе ѝ пречи на конкуренцијата во индустријата за игри.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2022 09:55